About Us

ФИЉИ РИСТОВСКИ ДООЕЛ е друштво за производство трговија и услуги , основана од страна на Орце Ристовски-Орел од Облешево, во 2009 година, со приоритена дејност одгледување на ориз и трговија на големо и мало.ФИЉИ РИСТОВСКИ како фирма постои од 2005 год., во Алба, Р.Италија, во областа Пиемонте, која успешно работи во соработка со долгододишни производители во областа на лозаро-овоштарството во Италија.

Наша цел е квалитетен производ по сите стандарди, конкурентен на пазарот и во земјите на ЕУ

Поради долгогодишната соработка и одличното искуство стекнато со нашите соработници производители на Лешник во Италија се одлучивме да започнеме со оваа дејност и во Р.Македонија. Во 2012 година ги подигнавме нашите први насади од Лешник на површина од 10 хектари. Садниците се увезени од Италија, сорта Tonda Gentlle delle Langhe Trilobata, која е една од најбараните сорти на пазарот.

Во 2014 година насадите ги проширивме уште за 10 хектари со садници од истата сорта.
Во 2017 гогина, во тек е подготовка на парцела од 7,5 хектари на која ќе се подигне нов лешников насад. За успешно одгледување на Лешникот потребно е и редовно наводнување, затоа на сите парцели поставивме систем за наводнување “капка по капка”.
Благодарение на квалитетниот саден материјал, добрата подготовка на нашите парцели и одговорната работа, со задоволство може да кажеме дека во 2016 год, почнавме со производство на саден материјал од нашиот насад од лешник. Нашиот Расадник се наога во с.Облешево , засадени се 10000 садници од кои очекуваме добар и квалитетен саден материјал.Садниот материјал е од сортата Tonda Gentlle delle Langhe -Италианска сорта која потекнува од областа Пиемонте, каде што најмногу се одгледува.Ова сорта Не поднесува влажна и магловити предели, созрева рано во втората половуна на август.Жбунот е со средна бујност.Ресите се отвараат од средината на декември до средината на јануари.За опрашувачи најпогодни се сортите Tonda gentile Romana, Mortadella. Nocchione, Negret, Cosford. Отпорна е на зимските мразови.Многу родна сорта.Плодот е со средна големина (2,5 гр.) со округла форма. Ова сорта е многу квалитетна, ароматична, затоа е многу користена во кондиторската индустрија.